Десетици Палестинци беа повредени по должината на оградата што го одделува Израел од Појасот Газа за време на редовниот протест денеска, објавија здравствените служби.

Во болница се префрлени 83 лица.

Нема информации за тоа колку од настраданите се со прострелни рани, но соопштено е дека тројца се во критична состојба.

Портпарол на израелската армија изјави дека околу 10.500 Палестинци учествувале на протестите, а некои од нив ги мавале израелските војници со камења.

Откако пред една година започнаа палестинските протести, 263 Палестинци беа убиени од израелски војници, бранејќи ја оградата.