Необично топлиот летен бран уби најмалку 33 лица во канадската провинција Квебек, соопштија локалните власти.

Температурите достигнаа до 45 степени во Монтреал, при што 18 лица починаа.

Повеќето од жртвите се постари мажи, кои живееле на високите катови на згради и немале клима уреди.

Топлиот бран почна при крајот на јуни, и го зафати источниот дел на Канада, а метеролозите очекуваат да престане деновиве.