Некогашната ѕвезда на американската кошарка Денис Родман, кој петпати го посети Пјонгјанг по доаѓањето на власт на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, рече дека Ким „иако мал, е голем човек“.

Во изјава за Си-Ен-Ен, со црвено капче со слоганот на кампањата на  Доналд Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“, Родман оцени дека американскиот претседател „ќе заврши добра работа“.

– Мислам дека Доналд Трамп сфаќа дека Севернокорејците се едно срце и една душа, поттикнуваат восхит и меѓусебно се сакаат- рече Родман. Тој изрази надеж дека ќе го види Ким, за кого рече дека му е пријател за до крајот на животот“, пред да се врати во Пјонгјанг.

Родман, кој стана многу емотивен додека даваше изјава и се расплака пред камерата на Си-Ен-Ен, допатува во Сингапур ден пред Самитот во сопствена режија.