Во Хјустон денеска ќе биде погребан Џорџ Флојд, чие убиство во полициска акција во Минеаполис предизвика протести во САД, но и во светот.

Предвидено е неговото тело да биде јавно изложено шест часа, на комеморацијата во Хјустон, по што ќе биде погребано, пренесе АП.

Флојд почина на 25 мај за време на апсење, кога полицаец со колено го притисна на вратот и го држеше 8 минути, а неговата смрт предизвика протести против расна дискриминација и полициска бруталност во САД и светот.

Претходно, комеморативни служби за Флојд беа одржани во Минеаполис, каде беше убиен и во РЕдфорд, неговото родно место во Северна Каролина.