Десетици илјади демонстранти блокираа улици и владини згради во Ереван, главниот град на Ерменија незадоволни откако владејачката партија го одби изборот на опозицијата- Никол Пашињан да биде нов премиер.

Пашињан не успеа вчера да обезбеди мнозинство гласови во Парламентот за да стане премиер.

За него гласаа 45 пратеници, осум помалку од неопходниот број во Парламентот во кој има 105 пратеници.