Продолжуваат судирите на полицијата и демонстрантите во Хонгконг, конкретно во областа Јуен Лонг, каде незадоволните граѓани се собраа да го искажат своето незадоволство, откако банда во бели маици нападнаа луѓе кои се враќаа од протести, објави „Блумберг“.

Специјализираната полиција искористи солзавец во обид да ја спречи групата која протестира во нивниот напад на фрлање цврсти предмети и уништување на возила. Демонстрантите, облечени во црна облека и со шлемови, според информациите, успеале да ја одбијат првата офанзива на полицијата.

Овој собир е прв поголем по оној на меѓународниот аеродром во Хонгконг, каде 15 илјади луѓе се спротиставија на владеењето на Кина во градот, а полицијата мораше да мобилизира рекордна бројка од 4 илјади полицјајци за да ја контролира ситуацијата.

Поранешната британска колонија влегува во осмата последователна недела на протести предизвикани од сега суспендираниот закон, со кој требаше да се дозволи екстрадиција на осудуваните во Кина. Движењето се претвори во поширок антивладин протест, кој сега вклучува и барање на оставка на лидерката Кери Лам и ревидирање на законите за дозволеното користење на сила на полицијата за време на демонстрации, завршуваат од „Блумберг“.