Демонстрантите во Хонгког започнаа да користат ласери за да ги оневозможат безбедносните сили и за да го избегнат системот за препознавања на лица, кој го користат властите, објави „Индепендент“.

Оваа необична тактика може да се забележи во видеото објавено на социјалните мрежи, додека друго видео објавено на Би-би-си се гледа дека демонстрантите ги насочуваат ласерите во очите на полициските службеници.

Згора, демонстрантите користат и многу други различни технолошки трикови за да се справат со властите, како користење на виртуелни приватни мрежи на нивните телефони за да го сокријат својот идентитет, како и сервиси за испраќање на енкриптирани пораки.

Организаторите на протестите тврдат дека повеќе од половина милион луѓе им се приклучиле на демонстрациите, иако полицијата проценува дека таа бројка е поблиску до 100 илјади.