Берлинската полиција соопшти дека тринаесетгодишно девојче и нејзин пријател, на 18-годишна возраст, лажирале киднапирање на девојчето за да побараат пари од нејзиниот татко.

Како што пренесе „АП“ во потрагата по девојчето учествувале 280 полицајци во германската престолнина.

Полицијата за наводното киднапирање дознала во четвртокот вечерта, а девјчето и нејзиниот пријател биле уапсени на улица во петокот.

Девојчето било однесено во градска канцеларија за грижа за млади, бидејќи одбила да се врати дома. Нејзиниот пријател е задржан во полиција.

Полицијата соопшти дека дека двајцата се државјани на Сирија. Не е познато колку пари барале, но локалниот весник Б.З. јави дека се работи за сума од 40.000 евра.