Шамина Бегум од Лондон, која ја напуштила Велика Британија во 2015 година за да се приклучи на Исламската држава, сака да се врати дома бидејќи е бремена и стравува за своето неродено дете, пренесува британскиот магазинот „Тајм“.

Шамина Бегум, која има 19 години, била забележана во камп за бегалци во североисточна Сирија од страна на кореспондент за лондонскиот магазин „Тајм“.

Девојката рекла дека во кампот дошла пред две недели од источниот сириски град Багуз, кој е последното упориште на Исламската држава, каде нејзината едногодишна ќерка и тримесечен син починале.

– Не можев да го издржам хоророт од страдањето и злосторствата од бојното поле. Стравував дека моето неродено дете исто така ќе го снајде несреќа, затоа побегнав од Калифатот. Сè што сакам сега е да се вратам дома – изјави Бегун.

Средношколката имала 15 години кога со две други девојки, Амира Абасе и Кадиза Султана преку Турција заминале за Сирија во февруари 2015 година. Амира исто така била 15, а Султана 16 години. Тие, наводно биле омажени за борци од Исламската држава. Нивната судбина не се знае, а се верува дека се мртви, поради долгите борби и бомбардирања во Багуз.

Бегун рекла дека не се кае што се приклучила на Исламската држава, но сега само сака да се врати дома во Лондон.

– Сè што сега сакам е да се вратам дома и да го родам моето дете. Ќе сторам сè што е потребно за да се вратам дома и да живеам мирен живот  – вели Бегум.