Девет лица загинаа при пад на мал туристички авион во северниот дел од Шведска, соопштија локаните власти. 

– Сите девет лица, колку што имало во авионот, загинаа во несреќата – изјави портпаролката не наведувајќи го идентитетот на жртвите.

Медиумите пренесоа дека авионот превезувал падобранци и дека несреќата се случила околу 14 часот.

Причините за несреќата засега не се познати.