Девет лица загинаа при уривање на спасувачки хеликоптер во планински реон во префектурата Гунма во централниот дел на Јапонија.

Меѓу загинатите се двајцата пилоти на хеликоптерот и седуммина припадници на спасувачки тим.

Хеликоптерот од типот „Бел 412 ЕП“ се урнал еден час по полетувањето во услови на магла. Тој бил стар 20 години, но во јуни бил завршен ремонтот на неговиот мотор.

Причините за падот на хеликоптерот засега не се познати, а нивното откривање ќе биде тешко бидејќи леталото немало црна кутија.