Дури 66 отсто од Русите жалат поради распадот на Советскиот Сојуз, покажува испитувањето на јавното мислење на рускиот центар „Левада“.
Според московскиот весник „Ведомости“, ова е најголем процент на носталгичари по поранешниот Советски Сојуз во изминатите десет години.

Позитивно на прашањето дали жалат поради распадот на Советскиот Сојуз лани одговориле 58 отсто од испитаниците, а во изминатите десет години тој процент не надминал 61 отсто.

Поголем број од лицата што тагуваат по Советскиот Сојуз се постари од 55 години, но во изминатите две години расте процентот на носталгичарите по Советскиот Сојуз, а се на возраст од 18 до 24 години.

Како главни причини поради кои жалат по Советскиот Сојуз, анкетираните ги посочиле „уништувањето на економскиот систем“ (52 отсто), „загубата на чувството за припадност на голема држава“ (36 отсто) и „порастот на заемната недоверба (31 отсто).