Две лица биле убиени, а 12 повредени рано утрово во пукање на забава во Северна Каролина, изјави заменик-шерифот Џони Џенингс од Полициската станица Шарлот-Мекленбург.
– Неколку напаѓачи испукале десетици куршуми кон луѓето кои биле на забавата – се вели во соопштението на полицијата, пренесе Си-ен-ен.

Пукањето се случило околу половина час после полноќ. Во пукањето, убиени се еден маж и една жена.