Коронавирусот пристигна и во Европа. Британските медиуми пренесуваат дека најверојатно корона вирусот стигнал во Велика Британија, каде четворица кинески патници се сместени во болница во Шкотска со симптоми слични на грип.
Се верува дека неименуваните патници дошле од Вухан, градот од каде се шири епидемијата на новиот вирус, од кој досега починаа 17 луѓе, а потврдени се над 600 заболени.

На двајцата Кинези им се напаравени тестови кои, како што се наведува, досега не го исклучиле коронавирусот, пренесе „Дејли мејл“ и додава дека пациентите се во изолација во Универзитетската болница на кралицата Елизабета во Глазгов.

Според информациите кои ги пренесуваат британските медиуми, пациентите стигнале во Лондон минатата недела, пред да заминат за Шкотска.