Две лица се избодени откако маж со мачета упаднал во седиштето на Сони Мјузик во центарот на Лондон, објави Гардиан.

Засега нема други детали, освен дека во нападот не е употребено друго оружје, а напаѓачот е уапсен. Извршена е евакуација на канцелариите во непосреда близина, а пристапот околу областа е затворен.

Од полицијата велат дека состојбата на повредените засега е непозната, а нападот не се третира како тероризам.