Најмалку 23 лица загинаа, а повеќе се повредени во налетот на торнадо кој ја погоди американската сојузна држава Алабама.

– Засега имаме податоци за загинати 23 лица. За жал мислам дека бројот на жртвите ќе биде поголем, изјави шерифот на округот Ли, Џеј Џоунс.

Американската метеоролошка служба го вброи торнадото во категорија ЕФ-3, што значи дека брзината на ветрот достигнала 266 километри на час.

Податоците за бројот на жртвите и причинетата материјална штета не се конечни, а спасувачката акција е во тек.

Повеќе од 4.000 семејства во Алабама останале без електрична енергија.

Торнадото ја погоди областа вчера во попладневните часови по локално време.