Две деца се убиени кога 29-годишен маж со нож нападнал три момчиња и една жена во близина на училиште во Шангај, соопшти локалната полиција.

Безбедносните служби преку кинеската социјална мрежа Сина Веибо објавија дека е извршен напад, во кој две деца починале во болница. Во истата порака се наведува и дека животите на жената и момчето кои го преживеале нападот не се во опасност.

Засега не се познати причините за нападот, но се претпоставува дека напаѓачот има психички проблеми.