Две деца загинаа, а десетина се повредени во автобуска несреќа во Агентина, јужно од Буенос Ариес. Загинатите деца се на возраст од 11 и 12 години, а повеќето повредени се пренесени во најблиската болница, рекол претставник на полицијата.

Несреќата се случила во 6 часот по локално време, во близина на местото Лезама, 160 километри од Буенос Ариес, од засега непознати причини.

Во автобусот имало 43 деца, на возраст од 11 до 13 години и десетмина возрасни кои оделе на училишна екскурзија, вклучително и двајца возачи. 

Јавниот обвинител изјавил дека возачот рекол оти изгубил контрола над возилото. Обвинителот изјавил дека видливоста била добра и дека немало знаци на кочење на местото на несреќата.

Според првичните податоци од истрагата, возачот нема алкохол во крвта.