Најмалку 13 луѓе загинаa, а ранети се околу 15, во двата самоубиствени напади на влезот на аеродромот во Кабул, Авганистан, каде илјадници луѓее чекаат да бидат евакуирани.

Меѓу жртвите има цивили и воен персонал на САД, но засега не се соопштуваат официјални бројки.

Експлозиите се случија само неколку часа откако западните земји предупредија дека би можело да дојде до терористички напад.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го осуди терористички напад, изразувајќи сочувство до сите погодени и нивните најблиски.

– Наш приоритет останува да евакуираме што е можно повеќе луѓе на безбедно, што е можно побрзо – напиша Столтенберг на Твитер.