Во Германија во текот на викендот регистрирани се два расистички мотивирани напади, а полицијата покрена истрага за инцидентите.

Во петокот вечер непознат маж во Марцан вербално, а потоа и физички нападнал две сириски девојчиња на возраст од 15 и 16 години. Тој ги удрил по лице, по што на девојчињата им е пружена помош во амбуланта.

Напаѓачот избегал. Во друг случај, непозната жена навредувала една 12-годишна мигрантка и се обидела да и ја симне марамата од глава, при што ја влечела за коса.

Девојчето било полесно повредено, а жената избегала пред да пристигне полицијата.