Во помалку од 24 часа овој викенд, два града на раздалеченост од безмалку 2.500 километри се обединија во трагедија која е карактеристична само за Соединетите Американски Држави. Во Ел Пасо, 22-ца загинати, во Дејтон деветмина – сите застрелани од силно вооружени мажи кои се спроведуваат политичка или лична одмазда. Нападите ги поврза заедниците во сојузните држави Тексас и Охајо во тага, но и во лутина, објави „Вашингтон пост“.

Од 1966 година, во оружени напади во САД загинале скоро 1.200 луѓе. Иако оваа бројка е само мал процент од тоталната бројка на загинати од огнено оружје, овие оружени напади се единствени во тоа што успеваат да предизвикаат голем терор врз невини луѓе и тоа без никакво предупредување.

Со зголемувањето на смртните случаи на национално ниво, зачудувачките статистики откриваат една загрижувачка вистина – овие изливи на насилство не се изолирани случаи, туку симптоми на епидемија карактеристична само за САД, завршуваат од „Вашингтон пост“.