Повеќе од 60 лица се повредени во судир меѓу патнички и товарен воз кај Прага.

Повредените биле пренесени во блиската болница, каде што биле згрижени.

Според првите информации, патничкиот воз налетал на воз за поштенски услуги што стоел на станицата Чески Брод, на 30 километри од Прага, пишуваат светските медиуми.

Поради несреќата, железничкиот сообраќај е во прекин на таа многу фреквентна линија.

Чешкиот министер за транспорт, Карел Хавличек, веднаш отишол на местото на несреќата.

Информацијата дека е загинат еден од машиновозачите не е официјално потврдена.

Истрагата за причината за несреќата е во тек.