Терористичката група Исламска држава (ИД) ја презеде одговорноста за нападот со нож денеска во предградие на Париз, во кој две лица беа убиени, а еден беше ранет.

Во соопштение објавено од новинската агенција на терористичката група, Амак, е наведено дека напаѓачот е „борец на ИД”.

Двајцата загинати во нападот се мајката и сестрата на напаѓачот, информира полициски претставник во изјава за локални медиуми.

Првично беше соопштено дека во нападот загина едно лице, а двајца се потешко повредени, но подоцна од полицијата беше соопштено за двајца загинати и еден ранет.