Двајца Севернокорејци денеска избегаа во Јужна Кореја и се пронајдени во Жолто Море.

Двајцата бегалци се забележани од страна на јужнокорејските војници во брод долж морската граница меѓу двете Кореи.

Еден од Севернокорејците е воен офицер. Двајцата изразиле желба да избегаат во Јужна Кореја.

Инцидентот се случи откако Северна Кореја одби да го прифати списокот на јужнокорејски новинари кои во петокот требаше да го следат затворањето на нуклеарниот полигон на Корејска народна демократска република (КНДР.)

Тоа предизвика нови сомнежи за тоа дали Пјонгјанг навистина сака да ги намали тензиите во регионот.