Две лица се полесни повредени кога возило влетало меѓу група луѓе кои стоеле пре еден бар во францускиот град Ним, по што удрило во заштитните бариери.

Според француските медиуми, автомобилот марка „Пежо“, управуван од 32-годишен маж, ноќеска околу еден часот по полноќ влетал меѓу 50-тината гости што стоеле пред барот, нанесувајќи им полесни повреди на двајца од нив.

По инцидентот возачот се обидел на избега, но бил фатен од присутните, кои почнале да го тепаат. По доаѓањето на полицијата, возачот на „Пежото“ бил префрлен во болница.

Некои очевидци изјавија дека мажот при влетувањето кон толпата пред барот извикувал „Алах е голем“, но Обвинителството случајот не го третира како терористички напад и против возачот е покрената истрага за обид за убиство.