Две лица се тешко повредени во пукање во основно училиште во сојузната американска држава Канзас.

Портпаролот на локалната полиција Џон Лејси изјави дека се претпоставува оти на пукањето му претходела расправија меѓу работници кои поставувале вештачка трева во дворот на училиштето.

За време на пукањето во училиштето немало ученици.

Осомничениот напаѓач избегал, а полицијата трага по него.