Двајца тинејџери биле убиени во напади со нож во Лондон во понеделникот вечерта, во период од неколку часа, соопшти полицијата.

Според британски „Скај њуз“, 15-годишно момче било прободено со нож во Гринич околу 17 часот, а 16-годишно момче било избодено со нож во Ламбет, нешто пред полноќ и било прогласено за мртво на самото место.

За смртта на 15-годишникот уапсено е момче, исто така на возраст од 15-години, кое отишло само во болница бидејќи имало убодна рана.

Засега никој не е уапсен за убиство на друго 16-годишно момче.