Двајцата мажи се пренесени во болница откако биле избодени со нож во трговски центар во Мелбурн.

И двајцата се здобиле со повреди опасни по живот за време на нападот на плоштадот Беркли, во предградието на Бранзвик, кој бил извршен нешто после осум часот наутро, и тие биле пренесени во болница во стабилна состојба, пренесува британскиот весник „Гардијан“.

– Прво слушнавме само врескање, но не обрнувавме многу внимание на тоа, но потоа рече бегај, има некој со нож – изјави работник во месарница, што се наоѓа во близина на нападот.

Тој и другите работници се засолниле во задниот дел на продавницата, пред полицијата да ги евакуира половина час подоцна.

Очевидци на настанот велат дека трговскиот центар бил евакуиран и дека сите вработени останале затворени во своите продавници.

Еден маж бил уапсен на лице место и со повреди бил пренесен во болница.

Полицијата изјави дека не бара ниту едно лице и дека нема закана за заедницата.