Двајца припадници на локалните безбедносни сили загинаа, а двајца се повредени при експлозијата на рачно изработена бомба во југоисточниот турски округ Шарнак, јави турската телевизија НТВ.

Според локалните безбедносни сили бомбата била поставена на пат во реонот на градот Чалашкан од страна на Курдска работничка партија (ПКК).

Локалните безбедносни служби или селските чувари се вооружени од турските власти за борба против ПКК.

По инцидентот турските безбедносни сили презедоа голема антитерористичка операција во округот Шарнак, каде се активни се борците на забранетата ПКК.
ПКК води вооружена борба против турската власт од 1984 година.