Истражувањето што го спроведе еден конзорциум заедно со Лондонската школа за економија, наведе 20 петрохемиски компании што се извор на 55 отсто од пластичниот отпад за еднократна употреба. Меѓу компаниите се „Ексон мобил“, „Доу“ и „Синопек“. Според истражувањето, над 130 милиони тони пластика за една употреба се фрлиле во 2019 година, од кои речиси сите биле изгорени и закопани во депонии или директно фрлени во природата.
Пластиката за еднократна употреба најчесто завршува во нашите океани, каде што се наоѓа целото видливо загадување. Тамошниот отпад постепено се разложува на ситни честици, кои потоа влијаат на живиот свет и способноста на океаните да го складираат јаглеродот, се вели во извештајот.