Шефот на српската диплометија Ивица Дачиќ изјави дека се согласува со германската канцеларка Ангела Меркел дека нема да има промена на границите на Балканот.

– За нас не постои промена на границите. Ние граница со Косово никогаш и не сме имале. Јас разбирам тоа да го каже некој кој не го има признато Косово, но некој кој го признал, па сега говори дека нема промена на границите, на тоа не треба да се обраќа внимание -изјави Дачиќ за ТВ Хепи.

Според него, цинично е кога некој говори за тоа дека нема промена на границите по етнички принцип.

– Според кои принципи се распадна Југославија? Дали можеби ОВК се залагаше за граѓанско општество? Не, тоа беше заради етнички принцип. Што е повод и причина на судиририте? Тоа се меѓунционалните односи, одредени предрасуди или злосторства кои се случуваа во минатото и за територии – нагласи Дачиќ.

Тој посочи дека за косовското пршање многу повеќе би сакал да говори со Албанија, отколку со Приштина, бидејќи со тоа се прикрива суштината дека „станува зборр за албанско национално малцинство“.

– Гледате дека и Бујановац и Прешево се во проблем, бидејќи не знаат чие се национално малцинство. Дали се Албанци или некој вели дека се Косовци. Сите тие се албанско национално малцинство. Тоа е нешто што е нормално – заклучи Дачиќ.

Тој посочи дека е рано е да се говори за тоа кој ја поддржува, а кој не ја поддржува идејата за разграничување како опција за решавање на косовското прашање.

Дачиќ потврди дека позицијата на новата американска Администрација е да поддржи нови креативни решенија што би биле прифатливи и за Белград и за Приштина.

Тој потсети дека за решението за косовското прашање зборувал уште пред Донајд Трамп да ја преземе функцијата претседател на САД.

– Зборував за ова со (Џозеф) Бајден како премиер на српската Влада и со (Џон) Кери како министер за надворешни работи. Тие не беа склони да го менуваат пристапот кон решавање на другите проблеми кои постојат во нашиот регион. Тие не беа склони да го сменат автопилотот кој беше инсталирани пред 20-30 години и не дозволуваа никакви промени, а тоа првенствено се однесува на Косово – рече Дачиќ.

Тој потврди дека позицијата на САД во врска со прашањето на Косово се променила во тоа што „нивниот автопилот повеќе ги нема координатите“ и во тоа што Администрацијата на Трамп е „подготвена да ја отвори вратата за дијалоготот да донесе некој резултат“.