Парламентот на Данска денеска усвои Закон со кој се забранува носење на облека која го прекрива лицето, како што се муслиманските марами ниџаб и бурка.

Законот познат како „Забрана за бурката“, предложен од десничарската коалиција, беше усвоен со 75 гласови „за“ и 30 „против“.

Данската Влада наведе дека законот не е насочен ниту кон една религија и не забранува марама на глава, турбан или традиционалните еврејски капи.

Законот ќе стапи во сила на 1 август, а неговото кршење ќе биде казнето со 1.000 дански круни (околу 156 долари).

Сличен Закон е усвоен во Австрија, Франција и Белгија.