Торнадо кое е не е вообичаено за регионот, доцна во петокот во југозападен Луксембург повреди 19 лица, од кои две сериозно. Торнадото ги погоди заедниците на Петинген и Каеренг, во близина на границата со Франција и Белгија, уништувајќи повеќе од стотина куќи.

Делови од куќи и оштетени автомобили беа расфрлани во околината погодена од временската непогода, а исто така најмалку четири електрични столбови беа уништени.

Истиот ден, торнадото го зафати амстердамскиот басен Остердок во Холандија, во невремето што го погоди регионот. Не биле пријавени жртви и повредени, а штетата е минимална.

Појавата на торнадо во Луксембург го отвори прашањето дали е можно повторување на ваквата временска непогода во Европа. Истражувањата покажуваат дека торнадата се поретки во Европа отколку во САД, каде што досега се потврдени повеќе од 1.300 случаи годинава.

Торнадата во Европа не се толку чести. Секоја година се забележани меѓу 200 и 400 вакви појави. Италија и Грција бележат поголема активност на торнада, бидејќи топлиот влажен медитерански воздух се судира со студениот сув воздух над планините.

Торнадата не се вообичаени за Западна Европа, но сепак можат да се случат, како што беше случај во петокот.

Повеќето торнада на територијата на Европа имаат значително помал уништувачки ефект од оние во САД, но Луксембург во петокот беше исклучок, како што беше случајот во 2005 година во Бирмингем, Велика Британија.