Генералниот секретар на ОН, Антониот Гутереш, ги повика венецуелските политички сили за дијалог за да се избегне катастрофа во земјата.

– Се надеваме дека дијалогот е можен за да се избегне ескалација што води кон конфликт што ќе биде катастрофа за населението во земјата и за регионот – изјави Гутереш на маргините на Светскиот економски форум во Давос.

Тој посочи дека ОН се загрижени за ситуацијата во Венецуела и за страдањата на населението во оваа земја.