Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во одговор на писмото што преку Твитер го испрати опозицискиот лидер на Венецуела, Хуан Гуаидо, повторно понуди помош за наоѓање политичко решение за актуелната криза во Венецуела, истакнувајќи дека е загрижен за состојбата и нејзиното влијание кај народот во таа земја.

Гуаидо, кој минатата недела се прогласи за привремен претседател, во писмото, датирано на 26 јануари, бара меѓународна хуманитарна помош, под координација на ОН.

Портпаролката на ОН, Стефани Дујарик рече дека Гутереш навел во одговорот дека Обединетите нации се „подготвени да ги зголемат своите активности во Венецуела во областа на хуманитарна помош и развој“.

Но, при тоа додал оти за тоа ОН му треба „согласност и соработка“ од Владата на Николас Мадуро, кој е признат од ОН.

Дујарик посочи дека Гутереш повторно нагласил дека за признавање на владата одлучува Генералното собрание на ОН, составено од 193 држави членки, а не генералниот секретар.