Во ОН во Њујорк почна целодневниот самит за климатски промени за да се спречи глобалното затоплување да достигне уште поопасно ниво.

„Земјата извикува: Престанете“ – се зборовите со кои генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го отвори самитот.

Гутереш им порача на светските лидери дека не е време за преговори, туку за дејствување за да се постигне неутралност на јаглеродниот диоксид до 2050 година.

Тој рекол дека сака да го ограничи зголемувањето на глобалната температура и додал дека светот тоа може да го постигне.

Повеќе од 60 светски лидери се подготвени да разговараат, меѓу кои се оние од Нов Зеланд, тешко погодените Маршалски острови, но и Индија и Германија.