Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави дека принципот на мултикултуризам е на удар, посебно сега, кога е најпотребен.

Во обраќањето во Генералното собрание на ОН тој предупреди на растечкиот популизам и поларизација меѓу нациите. 

Гутереш истакна дека лидерите имаат должност да ја унапредат благосостојбата на своите народи, но и да промовираат и поддржуваат реформиран, зајакнат и засилен мултикултурен систем.

Тој повика на обновување на посветеноста на правилата базирани на суштината на Обединетите нации и предупреди на ширење „политика на песимизам”.

– Оние кои на своите соседи гледаат како на опасност, може да предизвикаат закана каде што немало. Оние кои ги затвораат своите граници за легалната миграција, само ја поттикнуваат работата на трговците со луѓе, рече Гутереш. – И оние кои ги игнорираат човековите права во борбата против тероризмот имаат тенденција да навлезат во екстремизмот што се обидуваат да го поразат, оцени генералниот секретар.

На Генералното собрание на ОН присуствуваат претседатели, премиери, монарси и високорангирани министри од 133 држави во светот.