Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска им изрази сочувство на семејствата на жртвите, истакнувајќи дека е тажен поради убиствата на невини луѓе додека мирно се молеле во џамии на Нов Зеланд.

– Денеска и секој ден мораме да се обединиме против антимуслиманската омраза и сите облици на нетрпеливост и терор- напиша Гутереш на Твитер.

Во денешниот терористички напад врз двете џамии на Нов Зеланд загинаа 49 лица, а повредени се над 40.