Фото: Твитер

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш е „шокиран“ од страдањето на цивилите во Газа, рече неговиот портпарол.

– Генералниот секретар е згрозен од зголемениот број убиени цивили, вклучително и смртта на десет членови од исто семејство, вклучително и деца, во израелскиот воздушен напад кој се случи во кампот ал-Шати во Газа – рече портпаролот Стефан Дујарик.

Најмалку 148 лица, вклучително и 41 дете, се убиени во Газа откако избувнаа судирите во понеделникот, објави Ројтерс.

– Генералниот секретар е исто така длабоко вознемирен од израелскиот воздушен напад што уништи висококатница во Газа во која се наоѓаа канцелариите на неколку меѓународни медиумски организации, како и домување – додаде тој.

– Генералниот секретар ги потсетува сите страни дека секое неселективно гаѓање на цивилни и медиумски структури го крши меѓународното право и мора да се избегне по секоја цена – заклучи портпаролот на Гутереш.