Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, повика на дополнителни напори за да се спречи војна во Персискиот Залив.

– Од своја страна генералниот секретар ќе продолжи активен ангажман со релевантни актери. Наша заедничка должност е да ги вложиме сите напори да избегнеме војна во заливот, која светот не може да си ја дозволи – нагласи неговиот портпарол Стефан Дујариќ.