Компанијата „Гугл“, која е во сопственост на американскиот конгломерат „Алфабет“, денеска соопшти дека реформите за авторските права на Европската унија ќе предизвикаат „несигурност“ и ќе нанесат штета на креативните и дигиталните економии на Унијата. Европскиот парламент денeска ја усвои уредбата за измена на правилата за авторски права стари 20 години, кои ќе го натераат „Гугл“ да им плати на издавачите и уметниците за онлајн користење на нивните дела.

Европската комисија го почна овој процес пред две години во обид да се заштити европското културно наследство и да се обезбеди издавачите и уметниците да примаат правичен надомест од големите онлајн компании.