Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо на почетокот на следната година на американскиот конгрес ќе предложи предлог-законот, со кој се дозволува употреба на марихуана за рекреативни цели.

– Кај нас дејствуваат два кривично-правни системи. Еден за богатите и друг за сите други. На тоа ќе биде ставен крај. Ајде да ја легализираме консумацијата на марихуана од возрасни еднаш засекогаш, рече Куомо.

Според извештајот, подготвен на барање на гувернерот, таква легализација на марихуаната може да донесе над 1,3 милијарда долари даночни приходи годишно.

Во моментов потрошувачката на марихуана за рекреативни цели е дозволена во 10 американски држави и округот Колумбија, а во други 33 држави се дозволува продажба на марихуана за медицински цели.