Историска победа на 17 жени судии со афроамериканско потекло кои беа избрани во сојузниот суд во областа Харис, Тексас, САД. Тие заедно се кандидираа, сите победија и се приклучија на веќе избраните двајца мажи судии со афроамериканско потекло во т.н. група Хјустон 19.

Се смета дека ова е фантастичен успех на Демократската партија, во држава каде демократот Бет О’Рурк со тесна разлика изгуби од републиканецот Тед Круз во сенаторската трка.

Победата на новите сојузни судии е резултат на многу успешната кампања на социјалните медиуми, во која тие беа наречени Хјустон 19, заедно со слоганот “Црна магична девојка”, пренесува „Индипендент“.

Според статистичките податоци објавени на истражувачкиот институт „Гавел Гап“ добиени од Американското уставно здружение за право и политика, жените од афроамериканско потекло во само 12 отсто се вработени во сојузниот суд, додека според демографската карта на Тексас тие се застапени во 28 отсто од вкупното население.