Германскиот финансиски гигант „Дојче банк“ се соочува со силни критики поради
богатите отприемнини или „златни падобрани“ кои ги исплати на највисоките функционери во фирмата, што заминаа во хаотичниот период и кризата во врвот на менаџментот во банката, објави „Фајненшл тајмс“.

Најголемата германска банка потрошила повеќе од 52 милиони евра за отприемнина за повеќе извршни директори кои беа отпуштени или заминаа доброволно во последните 14 месеци, со што оваа сума речиси се изедначи со сумата на платите на целиот борд на менаџери.

Поради кризата, „Дојче банк“ претрпе повеќе различни менаџментски преструктуирања, кои кулминираа со неделната објава дека ќе се затвораат 18 илјади работни места во историската серија на отпуштања.

Кога ги измерија големите загуби на работни места на нераководните позиции и стравувањата дека „Дојче банк“ ризикува да остане без капитал доколку планот не успее, богатите отпремнини на раководните лица привлече големи критики за банката.

– Големите отприемнини за отпуштените менаџери се лудост. Ова ги наградува раководните лица кои работеле ужасно – смета германски финансиски експерт.

Вкупната сума која банката ја исплатила како отприемнина е еднаква на повеќе од една петина на дивидендата на „Дојче банк“ во 2018 година во вредност од 227 милиони евра. Банката ги суспендираше дивидендите за следните две години, како помош при плаќањето на трошоците за реструктуирање во вредност од 7,4 милијарди евра, завршуваат од „Фајненшл тајмс“.