Полицијата во Етиопија откри масовна гробница во источниот дел на земјата со тела на околу 200 луѓе, јави ДПА.

Гробницата е откриена во текот на истрагата за Абди Мохамед, поранешен претседател на пограничниот регион Сомали.

Мохамед е осомничен за кршење на човековите права и се поврзува со специјалните полициски сили активни во регионот, за кои е познато дека вршеле насилства. Тој во моментов е во притвор.

Телата ќе бидат ексхумирани во текот на следните 14 дена, соопшти полицијата. Сé уште не е јасно од каде се луѓето, ниту што им се случило.

Етиопските власти стравуваат дека стотици луѓе загинале за време на судирите меѓу неколку етнички групи во источните погранични региони во почетокот на август.