Младата климатска активистка Грета Тунберг им се придружи на демонстрантите на бучните протести во Лондон, барајќи од финансиските институции да престанат со финансирање на екстракција на фосилни горива, пренесува Ивнинг Стандард.
Грета накратко се појави на улиците на Сити, финансиска област во срцето на британската престолнина каде што се наоѓаат најголемите светски банки и финансиски компании.

Тунберг се очекува да се појави и на протестите во Глазгов, каде светските лидери ќе се обидат да постигнат договор за намалување на глобалното затоплување на самитот на ОН за климата познат како COP26 од недела.

Таа неодамна ги повика политичарите не само да разговараат 30 години, туку и да дејствуваат за да го намалат порастот на глобалната температура. Активистите треба да се соберат и во Њујорк и Франкфурт и да бараат финансиските институции да престанат да инвестираат пари во фосилни горива.