Шведската активистска за борба против климатските промени, Грета Тунберг, се извини за изјавата дека политичарите треба да бидат „турнати до ѕид“ бидејќи тој израз критичарите ги наведе да мислата дека таа заговара насилство.

– Тоа се случува кога импровизирате говор на друг јазик. Но, секако, се извинувам доколку некој тоа погрешно го разбрал – напуша Тунберг на Твитер.

Обраќајќи им се на младите во Торино, таа во петокот кажала дека светските лидери бегаат од својата одговорност да се борат против климатските промени.

– Мораме да бидеме сигурни дека тоа не можат да го сторат. Ќе се погрижиме да ги турнеме до ѕид и да мораат да ја исполнат својата обврска и да ја заштитат нашата иднина – рекла Тунберг пред младите во Торино.

Во извинувањето таа додава дека направила буквален превод од шведскиот јазик каде овој израз опишува ситуација кога некој е присилен да решава тешко прашање или ситуација.

Некои критичари на социјалните мрежи, меѓутоа, ова нејзина изјава ја протолкуваа како повик на насилство врз политичарите, пренесе „АП“.

Тунберг кажа и дека таа и движењето на младите, кои ги инспирира, се против секаков облик на насилство.