Говорот на активистката Грета Тунберг (16) за климатските проблеми наиде на силен одѕив во светот.

Два месеца по нејзиниот говор во Обединетите нации, Грета стана симбол на протест и борба против системот. А од другата страна на светот, во рускиот град Ковров, живее двојничката на Грета.
Покрај изгледот, десетгодишната Лариса Ефремова со најпознатата активистка ја споделува и борбата против уништувањето на природата.