Вооружен напаѓач со маска од филмот „Врисок“ се впуштил во бегство, откако застрелал две лица во Менхетн на Ноќта на вештерките, според информациите од њујоршката полиција, пренесуваат американските медиуми.

Сведоците потврдиле дека напаѓачот бил маскиран во „Гоустфејс“, негативецот од филмскиот серијал „Врисок“. Првично се појавија информации оти напаѓачот носел маска на Мајкл Маерс, лик од хорор-филмовите поврзани со Ноќта на вештерките, со што властите ги испитуваат и овие тврдења.

Злосторникот застрелал 17-годишна девојка, како и 21-годишен маж кој бил погоден двапати. Двете жртви се пренесени во болница во критична состојба, но се очекува да преживеат. Нападот се случил во два часот по полноќ.

Сведоците потврдиле дека напаѓачот бил маскиран во „Гоустфејс“, негативецот од филмскиот серијал „Врисок“