Силен пожар избувна на врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Брисел. Според медиумите, огнот избувнал во техничката просторија на 27-от кат на зградата. На терен се пожарникари од Антверпен кои се обидуваат да го изгаснат огнот.
Според извештаите на медиумите, густ црн дим се издига во воздухот и е видлив од далеку. Командирот на противпожарната бригада информира дека станува збор за голем пожар.
Кулата во моментот не се користи бидејќи се реновира, а во моментот на избувнувањето на пожарот во неа биле присутни само неколкумина работници, кои успеале да се евакуираат на време.